15 ОКТОМВРИ-МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕЛИОТ СТАП

WEB Телевизија во живо

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија денеска го одбележува Светскиот ден на Белиот стап кој од Обединетите нации е признат како симбол на слепите лица зашто им овозможува поголема мобилност и учество во заедницата. Белиот стап е препознатлив како симбол на самостојност, знак на независност и почитување на достоинството на слепите лица и лицата со оштетен вид, што е во согласност со член 3 од принципите на Конвенцијата на ООН за правата на лица со попреченост. Белиот стап истo така е во согласност со обврските што ги бара член 9 од Конвенцијата која зборува за пристапноста и член 21 кој се однесува на независно движење и потребата патеките за движење во градвите и населените места да бидат прилагодени според потебите на лицата со попреченост.
 
Сепак, дури и со белиот стап, слепите и слабовидните лица сè уште се соочуваат со значителни пречки при движење. Овие бариери вклучуваат: недостаток на безбедни и достапни урбани области -паркирани автомобили на тротоари, бандери сред тротоари, неискастрени живи огради покрај тротоари, како и недостаток на тактилни патеки кои ја олеснуваат употребата на белиот стап.
„Приказната за белиот стап“ покажува дека луѓето отсекогаш се труделе да бидат херои и победници во животот и за сeкој проблем или недостаток да најдат решение.
 
Белиот стап без дршка што го користат слепите и слабовидни лица не е само средство за ориентирање во просторот, да се олесни откривањето на пречки со него, туку овој предмет исто така е познат и како симбол на слепите лица, за да им укаже на другите за нивната попреченост, но и потребата од поголема внимателност кон нив.
Белиот стап бил измислен во 1921 година од Џејмс Бигс, британски фотограф кој живеел во Бристол. Тој го изгубил видот во несреќа и имал намера да направи нешто за да биде позабележлив за возачите на патиштата.
Поширока употреба на белиот стап има дури една деценија подоцна.
Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е формиран во 1946 година и е единствен легитимен претставник на повеќе од 2.500 слепи и слабовидни лица од целата територија на државата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *