ВО КРАГУЕВАЦ ОТКРИЕН СПОМЕНИК НА ЛЕГЕНДАРНАТА РОК ГРУПА „СМАК“

WEB Телевизија во живо

Споменикот на легендарната југословенска рок група СМАК беше откриен во петокот, на 22 септември, на „Трг омладине“ во Крагуевац, по што се одржа концерт на групата СМАК плус, пишува порталот Инфо КГ.

Скулптурите на членовите на групата, во природна големина, се дело на скулпторката Катарина Трипковиќ, а иницијативата да се оддаде почит на крагуевачкиот рок бенд, кој својот зенит го достигна за време на СФРЈ, дојде од локалниот Дом на млади, пренесува Н1. 

Споменикот свечено го открија членовите на групата СМАК Радомир Михајловиќ Точак, Слободан Стојановиќ Кепа и Зоран Милановиќ, а скулптурата на починатиот пејач на групата Борис Аранѓеловиќ ја откри Никола Дашиќ, градоначалникот на Крагујевац.

По церемонијата, пред првата гимназија во Крагуевац, концерт одржа групата СМАК плус, која ја сочинуваат синовите и внуците на тројца членови од првобитната постава на СМАК.
Локалната самоуправа на Крагуевац го финансирала украсувањето на Младинскиот плоштад со 13,5 милиони динари, а споменикот е платен со 10 милиони динари.( фото Лаки Лазаревиќ)

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *