ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА, НА 29. СЕПТЕМВРИ 1941 ГОДИНА ПОЧНАЛО ДРАМСКОТО ВОСТАНИЕ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР

WEB Телевизија во живо

Во гратчињата Драма, Просечен, Карликово и Кубалица, што ги нападнаа востаниците, беше воспоставена народната власт. По жестоките борби, бугарската војска и полиција го задушиле востанието и притоа извршиле масакрирање на околу 3.000 луѓе и биле преземени репресивни мерки низ целата територија во источната област на Егејска Македонија.
Востанието (под раководство на Окружниот комитет за Драмско) почнало со напад на партизанските единици од Просочен врз општината, полициската станица и касарната. Востанието се проширило во Доксат, Карликово, Чали, Силиндрук и во други места.

По неуспехот во Драма и при првите контрадејствија на бугарските сили, партизаните се повлекле во базите во Кушница и Чал даг за да се прегрупираат. Бугарските воени и полициски сили започнале со настапување и на 30 септември востаниците се повлекле од рамните области и борбите се фокусираат во северните области на Кавалско и Правищко. Бугарските власти формирале три жандармериски групи, кои од 1 до 6 октомври започнале со чистење на регионот.
 
Во текот на трите дена 29 и 30 септември и на 1 октомври се смета дека биле масакрирани околу 2.500 до 3.000 души во околината на Драма. Оваа бројка е потврдена и од бугарскиот даночен службеник од Драма, Петар Јанков, во делото Црна книга на бугарските злосторства во Источна Македонија и Западна Тракија 1941-1945, издадена во Атина 1945 година на страна 22.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *