ВИКТОРИЈА ТОШЕВА НОМИНИРАНА ЗА НАГРАДАТА „TECH WOMEN 2023“

WEB Телевизија во живо

Викторија Тошева, технички архитект во фирмата Cognizant, живее во Кембриџ, Велика Британија, влезе во во потесната листа TechWomen100 за 2023 година.
Јавното гласање за поддршка е отворено за номинираните кандидати до 13 септември 2023 година. Во 2017 година, за прв пат беа препознаени талентите на жените во технологијата, а до денес беа избрани 670 исклучително талентирани жени кои оставија свој белег во таква конкурентна индустрија.
Оваа година во овој избор се номинирани над 200 талентирани жени и доколку саката нашата Викторија да влезе во најдобрите 100 гласајте за неа на https://bit.ly/44qWd37
Viktorija Tosheva
Ќе треба да споделите име, презиме, email и работна позиција
 
TechWomen има за цел да ја поттикне, поврзе и поддржи следната генерација жени лидери во науката, технологијата, инженерството и математиката (STEM) обезбедувајќи им пристап и можност да ги унапредат своите кариери, да ги остварат своите соништа и да станат пример за жените и девојките во нивните заедници. TechWomen ја поддржува глобалната посветеност на Соединетите Држави за унапредување на правата и учеството на жените и девојките ширум светот овозможувајќи им да го достигнат својот целосен потенцијал во технолошката индустрија.
Започна во 2011 година, TechWomen е иницијатива на Бирото за образовни и културни работи (ECA) на Стејт департментот на САД и е управувана од Институтот за меѓународно образование (IIE).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *