СРЕЌЕН НЕКА ВИ Е ДЕНОТ, 20 СЕПТЕМВРИ, ГЕВГЕЛИСКИ ПЕНЗИОНЕРИ!

WEB Телевизија во живо

ЗА ЖАЛ ГО „ПРОСЛАВУВАТЕ“ СО ПРОТЕСТИ ЗА ПОДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ!
 
По повод денот на пензионерите 20 септември, Телевизија Нова 12 им го честита денот на сите пензионери од општина Гевгелија и им посакува добро здравје, долг живот, среќни пензионерски денови, и да се изборат за подостоинствени пензии.
 
Здружението на пензионери на општина Гевгелија било формирано 1971 година како околиско здружение бидејќи во него биле опфатени пензионерите од сите населени места на поранешната Гевгелиска околија. Од 1998 година од Здружението се издвоиле ограноците во Богданци и Дојран и од тогаш функционираат како посебни Здруженија на пензионери.
 
Прв претседател на Здружението бил Миле Xотев. По него претседателската функција ја извршувале: Сотир Почков, Ристо Бутров, Ристо Димитров, Никола Митров – Роман, Ангел Поп-Ристов, Љупчо Ашиков, Драгица Јовановиќ, Ристо Танелов, Лена Семенаков, и Велин Стоименов, актуелен претседател.
 
Здружението на пензионери Гевгелија брои околу 4000 членови Во состав на Здружението постои пејачка група ,,Сава Михајлов“, која брои 14 членови.
ЗП Гевгелија располага со 5 клубови за пензионерите по населените места, 10 ограноци во населените места, ресторан во Гевгелија, сопствени простории- канцеларии и Викенд куќа на ,,Смрдлива вода“, како и два Пензионерски дома со 22 станови. За целиот имот обезбедени се имотни листови во вкупен износ од 14 334 986.оо денари. Здружението располага и со земјиште сопственост на РМ, кое се наоѓа на ул. ,,Маршал Тито“ бр.137 со вкупна површина од 450 м2.
 
ЗП се финансира од членарината, од наемнина од становите и деловниот простор, од Викенд куќата во „Смрдлива вода“, како и од донации од поединци, фирми и од Општина Гевгелија со кои Здружението има склучено Договор за меѓусебна соработка.
ЗП Гевгелија работи по Програма за работа донесена на крајот од годината за наредната година, како и според Финансиски план, исто така, усвоен кон крајот на годината за наредната година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *