САЕМ ВО ГЕВГЕЛИЈА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИОТ РАЗВОЈ-ЛАГ ЕКСПО 2023

WEB Телевизија во живо

Денес, на платото пред и во големата сала на Народниот театар во Гевгелија, тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, во соработка со ЛАГ Бојмија го организираат Саемот за промовирање на локалниот развој – ЛАГ Експо 2023. 

ЛАГ Експо се одржува по втор пат и е единствен од ваков тип во земјата каде низ презентации и панел дискусии претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од нашата и од земјите од Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ ги претставија своите активности и дискутираа за теми кои ги засегаат руралните заедници а се поврзани со одржливиот развој.

Претседателот на Мрежата за рурален развој на Македонија и Балканската мрежа за рурален развој, Петар Ѓорѓиевски истакна дека е потребно да се слушне гласот на руралната заедница и да се вложува во развој на заеднички иницијативи за подобрување на локалната инфраструктура, економија, образование и целокупниот квалитет на живот на граѓаните од земјата и регионот.

Во рамки на ЛАГ Експо 2023 се организираше и саемска изложба каде 40 членовите на ЛАГ-овите Бојмија, БеласицаОгражден, Малеш-Пијанец, Абер 2015 и Плачковица ги претставија своите производи, рачни изработки и иницијативи. Целта на ЛАГ Експо 2023 е да се споделат искуствата на домашните и регионалните Локални акциски групи, согласно LEADER пристапот и локалните производители да се поврзат со претставници од повеќе индустрии и дејности што ќе придонесе пак за воведување на нови бизнис практики и нови соработки. 

Исто така, беа презентирани и ЛЕАДЕР искуства (мерка од ИПАРД III програмата) од Грција, Србија и Турција.
Се очекува овој саем да прерасне во традиционална годишна активност во источниот дел на државата која ќе го стави на мапата на успешни приказни од регионот и ќе биде носител на развојот на технологијата, иновациите, етичките бизнис практики и развојот на човечки ресурси.
ЛАГ Експо 2023 се реализира со поддршка на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, во соработка со пет Локални акциски групи

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *