ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „СЕКСУАЛНА АЗБУКА“ НА ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ

WEB Телевизија во живо

Утре, 6 септември (среда) 2023 г. во 19:00 часот на платото пред библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија ќе биде промовирана книгата „Сексуална азбука“ од Татјана Алексиќ, професорка по македонски јазик и литература и медиумско лице препознатливо во јавноста по истоимената едукативно-информативна емисија од забавен карактер, каде свое учество зедоа медицински лица, претставници од верските заедници и високообразовните установи.
За книгата се вели дека претставува лексикон или азбучник во која што експликациите на сексолошките термини се преплетуваат со духовити културолошки вметнувања и асоцијации.

„Во текстуалните објави ќе препознавате интелектуална борба против предрасуди, која и во 21 век е борба со диносауруси; императиви за здрав сексуален живот што е повеќе од половина здравје; култ кон интимноста како светиња; разбивање на митови во врска со сексуалноста многу често штетни за севкупното психофизичко здравје и можност за вистински информации во вистинско време, базирани на стручна литература и белетристика. […] На шега дојдовме до оваа книга.

Објавувавме колумни, кои потоа ги преточивме во книга. Немам порив да напишам книга – белетристика, но овде се работи за лексикон, азбучник на сексуални термини, на шеговит начин. Има интересни урбани ликови кои даваа изјави за одредени букви“ вели професорката Алексиќ.
Модератор на настанот ќе биде Емилија Старделова, додека по настанот ќе пушта музика DJ Mitrik.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *