ПРОЧИСТУВАЧ НА ВОЗДУХ ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ ШТО ВОЗАТ ВО ГРАДСКА СРЕДИНА

WEB Телевизија во живо

Прочистувачот не само што го филтрира воздухот и го блокира минувањето на ситни честички од 0,4 микрони, туку ги елиминира и бактериите во воздухот.
Возењето велосипед е исклучително здрава активност што ги зајакнува мускулите, го стимулира согорувањето на калориите, го крева расположението и обезбедува енергија. Но, колку здравствени придобивки навистина добивате ако возите велосипед во густ сообраќај и вдишувате издувни гасови на стотици моторни возила?
Затоа многумина го нарекуваат Ивинд револуционерен нов производ што ќе им биде од голема корист на велосипедистите во големите градови.
 
Станува збор за маска со вграден прочистувач на воздухот што лесно се поврзува со било која кацига за велосипед, и е изработена од рециклирана пластика и силикон.
Прочистувачот вклучува заменлив филтер и вентилатор на литиумска батерија на полнење. Прочистувачот не само што го филтрира воздухот и го блокира минувањето на ситни честички од 0,4 микрони, туку ги елиминира и бактериите во воздухот.
Прочистениот воздух се ослободува директно во областа на носот и усните, па дури може да го загрева и за време на студените денови.
За разлика од обичните маски за лице, Ивинд се истакнува затоа што не го замаглува стаклото на очилата на велосипедистот, не го допира лицето, не ја менува бојата на гласот на носителот и не мора да се брише по употребата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *