ОВР ГЕВГЕЛИЈА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДВАЈЦА СТОРИТЕЛИ НА ТЕШКИ КРАЖБИ

WEB Телевизија во живо

На 19.09.2023 во 06.30 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода Р.Б.(27) од село Николиќ, општина Дојран и С.С.(31) од Нов Дојран. 

При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од тешки кражби и кражби извршени во туристички капацитети и викенд куќи на подрачјето на Нов и Стар Дојран. Лицата биле задржани во Полициската станица Гевгелија и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Против Р.Б. е поднесена кривична пријава поради сомнение дека сторил седум кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“, од кои пет биле извршени во 2023 година, а останатите во 2021 и 2022 година. Лицето било изведено пред Судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *