НА ДЕНЕШЕН ДЕН 490 ГОДИНА П.Н.Е ФИЛИПИД ТРЧАЛ 40 КИЛОМЕТРИ ОД МАРАТОН ДО АТИНА ДА ЈА ПРЕНЕСЕ ВЕСТА ДЕКА Е ПОБЕДЕН ПЕРСИСКИОТ ЦАР ДАРИЈ

WEB Телевизија во живо

ПО ОВАА СЛУЧКА Е ИМЕНУВАНА НАЈДОЛГАТА ТРКА ВО АТЛЕТИКАТА, МАРАТОНОТ.
 
На источниот брег на Атика во близина на Маратонот, Атињаните ја победиле десеткратно поголемата војска на персискиот император Дариј, во август или септември 490 година п.н.е. Во битката загинале 192 грчки војници, а Персијците имале околу 6.000 мртви. Веста за победата ја донесе во Атина гласникот Филип, кој истрчал 40 километри, по што починал од истоштеност. Затоа, најдолгата трка во атлетиката е именувана по тој настан.
 
Постои дебата за историската точност на оваа легенда. Грчкиот историчар Херодот, главниот извор за Грчко-персиските војни, го спомнува Филипид како гласник кој истрчал од Атина до Спарта барајќи помош, а потоа потрчал назад, на растојание од преку 240 километри. Во некои ракописи на Херодот, името на тркачот меѓу Атина и Спарта е дадено како Филипид. 
 
Херодот не спомнува гласник испратен од Маратон во Атина и раскажува дека главниот дел од атинската војска, откако се борел и победил во исцрпувачката битка и плашејќи се од поморскиот напад на персиската флота против небранетата Атина, брзо тргнала назад за Атина, во која пристигнале истиот ден.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *