МОЖНИТЕ ЗЛОУПОТРЕБИ НА ОНКОЛОГИЈА НЕ СЕ СКАНДАЛ ТУКУ И ЗЛОСТОРСТВО КОН ПАЦИЕНТИТЕ

WEB Телевизија во живо

Злоупотребите на Клиниката за онкологија се пораз на целиот државен систем и значат не само повреда на правата на пациентите, но и непочитување на основните етички принципи во вршење на здравствената дејност, како и прекршување на основното човеково право на живот. Оние кои правеле злоупотреби со цитостатици и ги ставиле во опасност човечките животи, треба да понесат не само политичка туку пред се кривична одговорност.
Изразуваме голема загриженост во однос на вознемирувачките информации изнесени во медиумите за наводни злоупотреби со цитостатици на Клиниката за онкологија и радиотерапија, реагираат од Лекарската комора откако вчера МВР и Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје влегоа во оваа здравствена установа за да направат претрес во рамки на предистрага.
 
„Ако наводните злоупотреби се покажат како вистинити ќе значат голема повреда на правата на пациентите, но и непочитување на основните етички принципи во вршење на здравствената дејност, што треба да бидат приоритет во работата на секој лекар и секој здравствен работник воопшто. Ниту еден пациент во нашата земја, особено онколошки пациенти кои се наоѓаат во животно-загрозувачка состојба, не смеат во ниту еден момент да бидат доведени во ситуација да не им биде достапна во целост терапијата која се обезбедува од пари од буџетот на Фондот за здравствено осигурување или од Министерството за здравство, а уште помалку таа терапија да биде злоупотребена за лична корист на поединци“, велат од Лекарската комора.
Оттаму истакнаа дека им даваат поддршка на надлежните институции и очекуваат што поскоро да се расчистат сомнежите, како и да се споделат со јавноста точни информации за тоа што се случувало на Клиниката за онкологија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *