КОЈ СИ ИГРА СО ТРПЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ? НАМЕСТО 6,8 ПЕНЗИИТЕ ЌЕ БИДАТ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 5,3%

WEB Телевизија во живо

Пензиите ќе бидат зголемени, но не за 6.8, туку за 5.3%. Исплатата започнува во понеделник. Најмногу ќе добијат корисниците на највисока пензија, околу 3.700 денари. Пензионерите со најниски пензии ќе добијат само 700 денари.
Пензионерите се огорчрни и разочарани. Велат дека се излажани, а не им е прифатено ниту едно барање: ниту линеарно покачување од 3.500 денари за сите, ниту минимална пензија од 18 илјади денари. Најавија масовни протести.
 
Од Министерството за труд и социјала велат:
„Согласно методологијата и податоците од Државниот завод за статистика, пензијата за месец септември ќе биде зголемена за 5.3%. Ова е второ усогласување за оваа година, во месец март беше зголемена за 8.4% и заедно со 5.3% во септември, изнесува вкупно 13.7%“.
Во земјава живеат околу 330 илјади пензионери. Најголемиот дел од нив, над 97 илјади месецот го туркаат со пензии до 13 илјади денари.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *