ГРАЃАНИ И ЕКО АКТИВИСТИ ПРОТЕСТИРАА НА СМРДЛИВА ВОДА ПРОТИВ ИЗГРАДБА НА ХИДРОЦЕНТРАЛИ НА ПЛАНИНАТА КОЖУФ

WEB Телевизија во живо

Граѓани и еко-активисти од Гевгелија, Кавадарци и Неготино денеска, симболично во 5 до 12 организира протест на Смрдлива Вода на планината Кожуф против намерата за изградба на две минихидроцентрали на реката Дошница.
Со транспаренти „Сакаат да ја убијат Кожуф Планина“, „Мини хидроелектрани нема да има“, „Запрете сѐ за, за пусти пари се запустивте“, „Кожуф е наш“, „На Дошница никој нема да гради хидроелектрани“ и слични пораки, граѓаните го изразија револтот против изградба на мини хидроелектрани на реката Дошница.
 
Организаторите ги истакнаа своите барања преку Декларација за спас на планината Кожуф, во која од Владата на Република Македонија се бара во рок од 30 дена да донесе одлука за стопирање на активностите за изградба на хидроцентралите, да донесе Одлука за прогласување на планината Кожуф за Национален парк, како и да се трансформираат подружниците на Јавното претпријатие „Национални шуми“ во Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија, во Јавно претпријатие за управување со Националниот парк Кожуф.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *