ГОСТУВАЊЕ НА ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР СО ПРЕТСТАВАТА „ТАТКО“

WEB Телевизија во живо

На 26.09 (вторник) со почеток од 20.00 часот, во ЈОУ Дом на култура “Македонија” ќе гостува велешкиот театар со претставата ТАТКО, во режија на Ненад Витанов. Билетите ќе бидат пуштени во продажба од 21.09 во просториите на домот по цена од 200 денари.
 
Драмскиот текст „Татко“ го потпишува францускиот драматург Флоријан Зелер и тој е дел од трилогијата „Мајка“, „Татко“ и „Син“. Текстот е адаптиран и во филмско сценарио за истоимениот филм, а во режија на самиот автор.
Ле Пер (Таткото) е драма на францускиот драматург Флоријан Зелер која во 2014 година ја доби наградата Молиер за најдобра драма. Премиерата ја имаше во септември 2012 година во Театарот Хеберто, Париз, со Роберт Хирш (Андре) и Изабел Желинас (Ана).
 
Претставата се смета за „најдобра нова драма во последната деценија“ и освои неколку награди и номинации во Париз, Лондон и Њујорк.
Текстот е адаптиран и во филмско сценарио за истоимениот филм, а во режија на самиот автор од 2020 година, со Ентони Хопкинс и Оливија Колман во главните улоги, кој освои Оскар за најдобро адаптирано сценарио, додека Хопкинс го освои Оскарот за најдобар актер.
 
Инаку, според режисерот Ненад Витанов, драмскиот текст на Зелер е драма-студија за развојот на деменцијата како болест, низ која се прикажани судирите на објективната реалност и болните стварности кои се случуваат во семејството на главниот протагонист.
 
Насловната улога ја толкува Јордан Витанов и со оваа улога, односно продукција – Велешкиот театар го обележува неговото пензионирање. Покрај Јордан Витанов во улогата на Андре, останатите улоги ги толкуваат: Маја Љутков – Ана, Жарко Спасовски – Пјер, Славица Манаскова – Лора, Симона Димковска – Жена и Благојчо Стојанов – Маж.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *