ГЕВГЕЛИЧАНИ УШТЕ ЕДНАШ ЈА ПОКАЖАА СВОЈАТА ХУМАНОСТ

WEB Телевизија во живо

Општинската организација на Црвен крст Гевгелија и Клубот на млади и оваа година, по втор пат го организираа хуманитарниот турнир во пинг-понг.
Турнирот се одржа во Спортската сала „26-ти Април“ на 2 и 3 септември 2023 година. Во двата дена, над 70 учесници одиграа вкупно 78 пинг-понг натпревари. Победници на овогодишното издание се:
КАТЕГОРИЈА ПОЕДИНЦИ (СИНГЛ):
– Кристијан Бојмалиев
– Момчило Делев
КАТЕГОРИЈА ПАРОВИ (ДВОЈКИ):
– Homemade Негорци
– Моки Мебел.
 
Собраните средства од турнирот се наменети за помош и поддршка на нашите сограѓани во социјален ризик. Како што информираа од Организациониот одбор, по разговорот со градоначалникот Сарамандов, големи се шансите во Гевгелија, за прв пат да се формира пинг – понг клуб кој би се натпреварувал во македонската лига.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *