ДВЕ ГОДИНИ ОД ПРЕОСВЕТУВАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Пред две години, на 19 септември 2021 година, со архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски, г. Агатангел, со членовите на Светиот Архиерејски Синод при Македонската православна црква- Охридска Архиепископија, Високопреосветениот Митрополит на Преспанско Пелагониската епархија, г.Петар, Високопреосветениот Митрополит на Брегалничката епархија, г. Иларион, Високопреосветениот Митрополит на Европската епархија, г. Пимен, како и свештенството на Повардарската епархија, беше преосветена Црквата „Свети Кирил И Методиј“ во Гевгелија, по што се отслужи и света Божествена литургија, со учество на градскиот мешан хор „Гортинија“.
 
Пред многубројните верници, по преосветувањето на Црквата „Свети Кирил и Методиј“ која во периодот од 2017 до 2021 година беше комплетно надворешно и внатрешно преуредена, и со нов фрескоживопис, Митрополитот Повардарски, г. Агатангел истакна :
 
„Посебна чест и радост ми претставува што е преосветен овој духовен светилник кој е посветен на светите рамноапостоли и сесловенски просветители, Кирил и Методиј. Храмот е место каде сеприсутноста на Бога е посебно изразена, затоа што тоа е Божји дом, во кој што господар е самиот Бог а свештениците се „управници на тајните божји“.Храмот е спасоносен брод, каде што се одмараме од надворешното себељубие и интерес, од сите животни бури, а се предаваме на љубовната топлина што ни ја даваат Христос и неговите светители, пристаниште во лое човек наоѓа мир и заштита.
 
Спасителот, Господ Исус Христос да го помилува нашиот народ, а овој обновен духовен горостас во срцето на Гевгелија нека биде симбол на непоколебливата вера на македонскиот народ и нова надеж за уште поголем духовен и егзистенционален раст на градот и неговите жители, кои во лицето на светите рамноапостоли и сесловенски и семакедонски просветители Кирил и Методиј, имаат големи закрилници и застапници пред престолот на Севишниот Бог.
Во името на целиот македонски народ, тој им се заблагодари и на сите добротвори кои сестрано помогнаа да се обнови Црквата Свети Кирил и Методиј.
 
Инаку, Цркавата Свети Кирил и Методиј, според натписот на плочата на источниот ѕид, е подигната во 1896 годин, вѕидан над олтарната апсида од надвор. Тоа значи дека оваа година Црквата слави 125 години постоење. Таа е изградена на местото каде што во 1881 година бил изграден параклис. Храмот е обновен во 1946 година. Во 1983 година е подигната нова камбанарија со градски часовник.
 
Според својата архитектурна форма, таа е трикорабна градба, со рамни дрвени тавани и со покривна конструкција на две води. Црквата има голем и убав иконостас, чии икони ги работел зографот Димитриј Андонов – Папрадишки. Дверите на црквата се од постаро време и се смета дека се пренесени од старата црква „Света Троица“ или од манастирската црква „Св. Спас“ во Гевгелија и се дело на непознат резбар од XVIII век. Градител на црквата е Андон Китанов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *