ДЕНЕС СЕ ОДБЕЛЕЖУВА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ДОБРОТВОРСТВОТО

WEB Телевизија во живо

„ДОКОЛКУ НЕ МОЖЕТЕ ДА НАХРАНИТЕ СТОТИЦИ ЛУЃЕ,НАХРАНЕТЕ ЕДЕН ЧОВЕК“- МАЈКА ТЕРЕЗА.
 
Добротворноста, како и поимите на волунтеризам и филантропија, обезбедува вистинско социјално поврзување и придонесува за создавање инклузивни и поотпорни општества. Добротворноста може да ги ублажи најлошите ефекти од хуманитарните кризи, да ги надополни јавните услуги во здравствената заштита, образованието, домувањето и заштитата на децата.
 
Помага за унапредување на културата, науката, спортот и заштитата на културното и природното наследство. Исто така, ги промовира правата на маргинализираните и непривилегираните и ја шири пораката за хуманост во конфликтни ситуации.
Датумот 5 септември беше избран за да се одбележи годишнината од смртта на Мајка Тереза од Калкута, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1979 година „за работа преземена во борбата за надминување на сиромаштијата и неволјата, кои претставуваат закана за мирот“.
 
Oд 2012 година, секој 5-ти Септември се чествува смртта на Мајка Тереза, ден кој Обединетите Нации го прогласија за Меѓународен ден на добротворство.
На овој ден се потсетуваат сите граѓани да го одбележат овој ден со симболичен добар гест или помош кон најблиските и кон најранливите, но и да се трудиме да бидеме добри и епматични луѓе во текот на целата година, бидејќи многумина од нас имаат потреба од помош, а таа може да се даде на најразлични начини.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *