ДЕНЕС Е СВЕТИ ФАНУРИЈ, ЗАШТИТНИК НА УЧЕНИЦИТЕ И СТУДЕНТИТЕ

WEB Телевизија во живо

Според преданието, мајката на свети Фануриј била блудница и свети Фануриј ветил дека ќе помага на сите во неволјите на оние кои ќе се помолат за душата на неговата покојна мајка.
Од ова ветување се развива и култот на светителот, па така сите православни христијани подготвуваат
колач – фануропита, која ја посветуваат во негова чест.
 
Фануропитата се носи во црква, каде што свештеникот ја благословува. После добиениот благослов, додека јадеме од неа, се молиме за мајката на светиот Фануриј, и за онаа наша духовна и телесна поткрепа за која и сме ја посветиле.
 
Токму овој светител е избран за заштитник на учениците и студентите, и на неговиот празник служиме молебен пред почетокот на учебната година. Каква врска има светиот Фануриј со образованието? Тој со ништо не покажал дека имал стекнато некакво световно високо образование. Бил обичен војник.
 
Вистинското образование е да го исчистиме во себе Образот Божји, во нас секој човек да го препознае Образот Божји, во нашите дела да препознаат христијански дела, а особено по љубовта да нè препознаат и признаат дека сме Христови.
 
Токму такво возвишено образование имал светиот Фануриј, и затоа денес, славејќи го неговиот свет спомен, се молиме Господ да ги просвети умовите на сите ученици и студенти, да слезе врз нив Светиот Дух, Кој некогаш од простите рибари, направи премудри апостоли, кои со својата Божествена мудрост ја просветија и преобразија сета вселена, па така и во денешните ученици да го запечати Образот Божји во нив, да ги охристови и насочи кон Христа.
 
Исто така, мора да нагласиме, дека световното образование, петките на учениците и десетките на студентите, не се од пресудно значење. Многумина одлични ученици и студенти стануваат вистински ѕверови, дури и кон своите родители и некогашни другари, кога ќе добијат високи општествени позиции.
 
Подготвени се да газат и врз луѓе, само за да си ги остварат своите цели и болни амбиции. Не е грев човек да биде амбициозен, да се бори за успех, но не газејќи врз другите, туку само со својот квалитет, способност и знаење.
Најбитно е децата да созреат и да станат духовно здрави личности, кои ќе имаат љубов и грижа кон своите родители, кон своите роднини, другари и другарки, и кон сите луѓе. Ете, за такво образование да се помолиме.
 
Господ така да ги научи нашите деца, да бидат скромни и благодарни, да имаат љубов кон сите луѓе, да си ја зачуваат чистотата на умот и срцето, да не се валкаат во калта на многуте страсти, гревови и пороци од кои масовно заболува голем дел од младината.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *