АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ УЧЕСНИК НА ИЗЛОЖБАТА „СКУЛПТУРИ НА НОВОТО ВРЕМЕ 2023“ ВО КУМАНОВО

WEB Телевизија во живо

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во петок со почеток во 19:30 часот ќе буде отворена единаесеттата биенална изложба на скулптури – „Скулптури на новото време 2023“. На изложбата, со свое дело, ќе учествува и гевгелискиот академски вајар, м-р Александар Јанев. Поставката содржи 17 скулптури од поновата продукција на македонски академски скулптори од повеќе генерации.

Ние како организатори, изјави Роберт Цветковски, историчар на уметноста, тргнавме со скромни амбиции и ова издание да биде еден пресек на моменталната скулпторска продукција запишана на страниците на каталогот, документирана на некој веб портал или спомната во некоја емисија од областа на културата.

Инаку, учество на ова издание на изложбата “Скулптури на новото време 2023“ зедоа следниве учесници: Предраг Јаневски – Драшко, Харалампие Манчев – Хари, Ангел Коруновски, Соња Поповска – Трајковска, Андреј Митевски, Александар Јанев, Илчо Стојановски – Илко, Емилија и Стојче Тоциновски, Горан Ѓорев, Перо Кованцалиев, Маја Танева, Филип Перески, Синиша Новески, Маја Ралева – Миладиновски, Марјан Стојаноски, Методи Исков и Емил Солески. 

Да спомнеме дека проектот финансиски го помогна Министерството за култура на РС Македонија а поддршка дадоа и колеги од повеќе институции од областа на културата. Изложбата ќе биде поставена до 26.09.2023 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *