17 AТЛЕТИЧАРИ ОД АК „7-МИ НОЕМВРИ“ БЕА МЕЃУ 1700 УЧЕСНИЦИ НА БИТОЛСКАТА ТРКА „ ТРЧАЈ БЕ“

WEB Телевизија во живо

Денеска битолската трка „Трчај бе“ прослави пет години. Трките се одвиваа на 5, 10 и 21 километар низ битолските улици, а учествуваа над 1.700 тркачи од над 30 земји. Трката веќе стана најмасовниот настан за компаниски тим билдинг, па фирми со седиште во земјава кои имаат вработени и соработници од надвор, ги поканија да трчаат заедно во Битола.

Меѓу нив на стартот се појавија и 17 атлетичари од Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ од Гевгелија, кои достојно го претставија атлетскиот клуб од нашата Општина и со тоа воедно го најавија и третото издание на уличната трка „ NOVEMBER RUN 2023“ кое оваа година ќе се одржи во сабота и недела, на 4-ти и 5-ти ноември.

Во рамки на „Трчај бе“ се одржа и Државното првенство во полумаратон каде во машка конкуренција на првите три места избија Дарио Ивановски, Жан Тосев и Мартин Трајановски. Во женска конкуренција прва беше Тамара Јолевска-Попов, втора Марија Остојиќ и трета Жанета Богатиновска-Илиева. 

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски од Скопје е старо-новиот балкански шампион со нов национален рекорд кој денеска го постигна на манифестацијата „Трчај, бе“ во Битола. Патеката долга 21 километар, Ивановски ја истрача за 1 час, 4 минути и 45 секунди.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *