12 НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА СЕ ВРАБОТИЈА КАКО ЛИЧНИ АСИСТЕНТИ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ОПШТИНИТЕ ГЕВГЕЛИЈА И БОГДАНЦИ

WEB Телевизија во живо

12 долгорочно невработени лица добија можност за вработување како лични асистенти за услугата лична асистенција која ќе се спроведува во општините Гевгелија и Богданци.
Личните асистенти поминаа низ циклус на обучување за да можат стручно и професионално да ги извршуваат предвидените работни обврски и да бидат поддршка на лицата со попреченост. Тие ќе им овозможуваат асистенција на 24 корисници, лица на возраст од 6 до 64 годишна возраст со потежок или најтежок вид на попреченост.
Општините Гевгелија и Богданци заедно со Црвен Крст Гевгелија ги препознаа потребите на жителите во локалните средини и аплицираа за грант од Проектот за подобрување на социјалните услуги!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *