ЗАПОЧНУВА 15-ОТ МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ФЕСТИВАЛ „БОШ 2023“

WEB Телевизија во живо

Оваа година по петнаесетти пат ќе се одржи мултимедијалниот фестивал „БОШ“ во Гевгелија. Во текот на деновите 18 и 19 август гевгеличани на разни локации ќе може да проследат театарски претстави и перформанси, музика, поезија, филмови и видео арт, изложби, работилници и други форми на интердисциплинарни и неконвенционални уметнички случувања. Влезот на сите настани е бесплатен.
Првото издание на БОШ ФЕСТИВАЛ се случи во 2009 година, а во чест и сеќавање на прерано починатиот актер и поет, Бошко Бозаџиевски (1981-2008). Истиот е посвета од неколку негови блиски пријатели.
 
На програмата денес, петок, 18 август ќе може да се проследат следниве настани:
20:00 часот во Градски амам
„Простор“ – Анамарија Митриќеска Кал’чева / изложба, акрил на платно
21:00 часот Локација Стар пазар
„Аџамиски ем зрели параидолии“ – Стефчо Стефанов / поетски перформанс
Како и документарните филмови „Трн“ – Столе Ангелов и Никола Пијанманов / проекција на документарен филм (48’)
Документарниот филм „Трн“ е посветен на актерот и граѓански борец и активист Стојан Велков Трн.
Eros and Thanatos“ – Александар Спасоски / проекција на краток филм (7’4”)
(светска премиера)
„ПС Бусан“ – Саша Станишиќ / проекција на краток филм (12’)
Краток филм сниман во Бусан, Јужна Кореја,
Потоа следува настапот на Blackstate – live + Dj set
„Блекстејт“ (Blackstate) е темното алтер-его на Филип Тасевски – Fitz, музичар, текстописец и изведувач со повеќе од 20 години искуство

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *