ЗА БОРБА ПРОТИВ КОМАРЦИТЕ, 48 ОПШТИНИ ГОДИНАВА ПЛАТИЛЕ 770.000 ЕВРА

WEB Телевизија во живо

ЗА ЕФЕКТОТ ТРЕБА ДА СЕ ПРАШААТ ГРАЃАНИТЕ
 
За борбата со комарците, општините годинава платиле 770 илјади евра. Тендери за справување со комарците имале 39 општини и еден плански регион со 9 општини. Ова значи дека вкупно 48 општини годинава презеле мерки за уништување на комарците.
 
35 општини со бореле со комарците од земја, односно имале тендери за т.н. терестичко прскање. Други 6 општини, пак, се справувале со комарците од воздух, односно имале тендери за т.н. авионско третирање. 7 општини имале и земјено и воздушно прскање.
 
Од вкупно 13 договори за јавна набавка за авионско прскање, 11 тендери добила кумановската фирма Бониер, додека останатите два, меѓу нив и највредниот, скопскиот, ги добил Аероклубот Скопје.
Кај договорите за уништување на комарците од земја, предничи кавадаречката фирма Лиса-Ком МС, со склучени 9 договори. Следен е Центарот за јавно здравје Скопје со 7 договори.
 
Авионските прскања чинат од 216 денари за хектар колку што плаќа Град Скопје, до 2.230 денари за хектар колку што платила Карбинци.
Кога станува збор за средството со кое се прска против комарци и ларви од комарци, општините не се многу прецизни во описот. 
 
Само две општини нагласуваат дека средството мора да биде еколошко, а други две општини наведуваат и какво средство или негов еквивалент би сакале. Како и да е, сите општини наведуваат дека средството мора да има решение за промет и да биде одобрено од Министерството за здравство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *