ВТОР МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО ЧЕСТ НА ВЕНЦИ ПОПОВ

WEB Телевизија во живо

ВЕЛИКАНОТ НА ГЕВГЕЛИСКИОТ И МАКЕДОНСКИОТ ШАХ
 
Утре, недела, 20 август, со почеток од 11 часот,во организација на фамилијата Попови, и со помош на Шаховскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија ќе се одржи Вториот меморијален шаховски турнир „Венци Попов“ со меѓународен карактер.
На турнирот кој ќе се одржи во Угостителската сала на СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“, учество ќе земат над 100 шахисти од Македонија, Србија, Бугарија и Грција.
 
Годинава наградниот фонд е зголемен и изнесува 105.000 денари. Ќе се поделат награди за освоените први десет места во рангирањето по бодови и тоа највисоката парична награда од 20.000 денари ќе му припадне на најдобриот шахист, на второпласираниот 17.000 денари, трето рангираниот 15.000 денари и се до 10-то рангираниот кој ќе добие награда од 3.000 денари.
 
Венци Попов е роден на 22.02.1962 година во Гевгелија. Со најдревната игра-шахот се запознава уште на петгодишна возраст, а првите потези во шахот ги учи од својот татко, кројач, Душан Попов. Додека неговите родители се на работа, тој, заедно со својата сестра, Нада Попова, изработуваат табла и шаховски фигури од картон и сами играат шах.
Во 1975 година, на покана на Ѓорѓи Прошев и неколку други шаховски ентузијасти, тој и неговата сестра стануваат членови на тогаш формираниот шаховски клуб „7-ми Ноември“.
 
Како пионерски првак на Гевгелија, Попов во 1976 година настапува на Републичкото првенство на Македонија во Крушево, каде го освојува 5-то место заедно со подоцнежниот велемајстор Богдановски.
Основното училиште и средното усмерено училиште, смер физика и хемија, ги завршува во својот роден град, со што постудиозно му се посветува на шахот и започнува да реди успеси.
 
Во 1977 станува младински првак на Гевгелија, додека во 1978, 1979 и 1980 година , на првенствата во Охрид и Отешево, три пати едно по друго станува младински првак на Македонија.
Во меѓувреме настапува и на повеќе домашни и меѓународни турнири, каде со својата игра го привлекува вниманието на шаховските стручни лица.
 
По враќањето од служењето на воениот рок, во 1980 година, Венци Попов,с ега веќе сениор, настапува на турнирите во Маврово, каде го освојува 2-то место зад легендарниот Ристо Ничевски, во Скопје, на турнирот на „Алкалоид“ го освојува третото место и титулата мајсторски кандидат, 1983 година во Кавадарци на првенството на Македонија го дели третото место, на Купот на Маршал Тито, 1983 година, играјќи за тимот на „7-ми Ноември“, на првата табла без пораз во 7 кола е прогласен за најдобар играч.
 
Својот, дотогаш најголем успех, а воедно и најголем успех на еден македонски шаховски играч, Венци Попов го постигнува на силниот меѓународен турнир во Бела Црква, во конкуренција на петстотини играчи од целиот свет. Тогаш Попов победува голем број југословенски и светски велемајстори, меѓу кои и светската првенка Нона Гаприндашвили, и велемајсторот Слободан Мартиновиќ. Со овој резултат, Венци се здобива со меѓународен рејтинг од 2405 поени што беше најдобро рангирање на еден македонски шахист и меѓу првите југословенси шахисти.
 
Добива покана да настапува во Првата југословенска шаховска лига за многукратниот првак, екипата на белградски „Партизан“, кога ја започнува својата професионална шаховска кариера.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *