На 23.08.2023 година( среда), со почеток во 11 часот во х.Хилтон, Скопје ќе се одржи промоција на Проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“
На настанот воведни обраќања ќе имаат Никица Кусиникова – извршна директорка на Здружението Конект и Џери Дајбл – претставничка на канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија.
На настанот ќе биде презентиран „Извештајот за проценка на капацитетите за самоодржливост во избраните општини во Македонија“ и ќе биде презентирана дигиталната платформа за граѓанско учество „Комунити“.
Официјално ќе се потпишат меморандуми за соработка со партнерските општини Гевгелија, Гостивар, Охрид, Струмица, Чаир и Шуто Оризари.
Обраќања во вид на заложби за локална инфраструктура за развој на филантропија ќе имаат:
Андон Сарамандов – Градоначалник на Општина Гевгелија
Висар Ганиу – Градоначалник на Општина Чаир
Курто Дудуш – Градоначалник на Општина Шуто Оризари