УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ПРВ ЦИКЛУС НА РАБОТИЛНИЦИ ОД ПРОГРАМАТА “СЕКОЕ ДЕТЕ СО СВОЈАТА АВТЕНТИЧНОСТ”

WEB Телевизија во живо

Почнувајќи од месец април до јули 2023 година, ОО Црвен крст Гевгелија во соработка со стручни соработници од областите на специјална едукација и рехабилитација, а со финансиска поддршка од општина Гевгелија, целосно и успешно ја реализираа програмата “Секое дете со својата автентичност”.
 
Во рамки на програмата беа реализирани вкупно 8 едукативни работилници со интерактивна содржина и употреба на современи и иновативни методи за предавање, на кои присутните граѓани, родители имаа можност лице в лице да се запознаат со различни аспекти и предизвици во текот на детскиот развој, а со достапната стручна помош ефикасно да се справат со истите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *