ТРЕТ ПО РЕД ШАХОВСКИ ТУРНИР НА СЛЕПИ И СЛАБОВИДНИ ЛИЦА „АУРОРА 2023“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Во Гевгелија вчера започна тридневниот, трет по ред шаховски турнир за слепи и слабовидни лица, „АУРОРА 2023“. Организатори на турнирот се спортскиот клуб на слепи и слабовидни лица од Гевгелија, „Аурора“ заедно со Здружението на слепи и слабовидни лица од Гевгелија. Турнирот, кој се одржува во комплексот на „Негорски бањи“ и на кој учествуваат 24 играчи од Македонија и Србија го отвори претседателот на Здружението од Гевгелија, Лазо Трајков кој им посака добредојде на сите играчи, особено на играчите од Србија.
Претседателот на Спортската федерација на слепи на РМ, Богоја Јошев, истакна дека очекува интересни шаховски партии и посака да победи најдобриот.
Главен судија на турнирот е Пепи Танчев, кој напомена дека турнирот ќе се игра во 7 кола по Швајцарскиот систем и ќе заврши во сабота, на 19 август.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *