СВЕТЛАНА МИТРОВСКА, ПСИХОЛОГ : „ШТО ДА ПРАВИМЕ КОГА НЕ БОЛИ ДУШАТА ?

WEB Телевизија во живо

Во денешно време стресот е се почеста појава – секојдневието е исполнето со нервоза и напнатост, темпото на живот е многу брз, а очекувањата се преголеми. Можеме да се најдеме под стрес поради повеќето секојдневни настани: на работа, на училиште, за време на јавни настапи, важни состаноци, па дури и поради односите со семејството или пријателите.
За тоа како да ги надминеме стресните ситуации, како да не ја трпиме душевната болка и каква улога во тоа игра менталната хигиена, разговаравме со психологот Светлана Митровска, вработена во СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија
 
Дали може да кажеме дека стресот е болест на цивилизацијата?
 
Би го започнала својот одговор на ова прашање со веќе познатиот пример од праксата. Замислете дека неколку минути во едната рака држите високо едно пенкало. Најверојатно раката нема да ве заболи доколку во таа положба останете неколку минути. но, можеби по половина час или подолго,веќе ќе почувствувате болка и трнење низ раката, вратот и грбот. Така е и со стресот, за неговата присутност во секојдневниот живот кој е доста динамичен во една паралела со брзиот технолошки развој. Стресот навистина е болест на денешната цивилизација.
 
Во денешно време стресот е се почеста појава – секојдневието е исполнето со нервоза и напнатост, темпото на живот е многу брзо, а очекувањата се преголеми. Можеме да се најдеме под стрес поради повеќето секојдневни настани: на работа, на училиште, за време на јавни настапи, важни состаноци, па дури и поради односите со семејството или пријателите.
 
Стресот е природна реакција на телото на опасна ситуација. Природата го создаде за да овозможи мобилизирање на сета физичка сила потребна за борба кога ни се заканува опасност. Во минатото, ваквите ситуации значеа, на пример, соочување со природна катастрофа или опасност, како што е напад од диво животно, што бараше итен одговор и борба. Денес, таквата ситуација би значела, на пример, сообраќајна несреќа, смрт на блиска личност, важни настани во семејството, испит или интервју за работа.
 
Што подразбираме под ментална хигиена?
 
Бидејќи живееме во интензивно стресни времиња, менталната хигиена е неопходна за да се зачува не само менталното здравје, туку и здравјето воопшто. Таа е еден од најдобрите начини како да се избориме со стресот во секојдневниот живот
Како и колку ја одржувате хигиената на вашето тело? Веројатно секојдневно. Незамисливо е да се започне денот без основна лична хигиена. И колку време одвојувате за хигиената на вашиот ум? Веројатно воопшто не. Или многу малку. И уште како деца не учеа дека без добра хигиена нема здравје.
Терминот ментална хигиена првпат го користел Вилијам Свитсер во 1843 година. Познатиот психолог Вилијам Џејмс, кој важи за „татко“ на американската психологија, често го користел во своите предавања.
 
Менталната хигиена е дисциплина која се занимава со зачувување на психолошкото здравје. Одржувањето физичка и дентална хигиена е нормално за секого, како и повремените патувања кај лекар или стоматолог општоприфатените форми на превенција од разни болести; сепак, менталната хигиена – посетите на експерти од областа на менталното здравје (психолози, психотерапевти, психијатри, хипнотерапевти, исцелители, алтернативни терапевти, духовни учители и сл.) сè уште се недоволно прифатени.
 
Менталното здравје вклучува: состојба на емоционална исполнетост и стабилност, чувство на блаженство и среќа, ментална стабилност, ментално задоволство, чувство на социјална припадност, способност за одржување здрави меѓучовечки, пријателски, љубовни и деловни односи. Ментално здрава личност е креативна, енергична, разиграна, иновативна, не се плаши од предизвици, желна да создава и се стреми кон самореализација.
 
Можете ли да ни кажете како реагира нашето тело при стресни ситуации?
 
Реакциите на стрес варираат од личност до личност. Најчести се: постојан замор, исцрпеност, губење на мотивацијата, преосетливост – лесно ја губиме контролата, несоница, прекинат сон или чувство на мамурлак, поспаност во текот на денот, губење на апетит или, напротив, прекумерна глад, ослабен имунолошки одговор – кога сме под стрес, поподложни сме на инфекции, зголемено потење, болка во стомакот и мускулите, палпитации, болка во градите, и брзо дишење
Најчесто не сме свесни за стресот сѐ додека не го почувствуваме неговото негативно влијание кое се манифестира токму преку промената во однесувањето, пред сѐ анксиозното расположение (вознемиреност), стравот, чувството на отфрленост, депресијата, социјалната изолација.
 
Има ли начини како да се победи стресот?
 
Постојано сме изложени на разни стресогени фактори и психолошки трауми, но како ќе ги доживееме и како ќе се справиме со истите, зависи од нашите вештини и капацитети.Потребна е свесност за емоционалната болка, а не потиснување на негативните чувства кои можат да бидат и автодеструктивни. Рамнотежата помеѓу емоционалното и рационалното се постигнува преку контрола на сопствените емоции која е индикатор за емотивна зрелост на личноста..
 
Токму, менталната хигиена е практиката која преку проактивно однесувањеи овозможува на личноста да се грижи за сопственото ментално здравје, одржувајќи рамнотежа со социокултурната средина. Целта е да се спречи негативното однесување и чувства, да се надмине стресната ситуација со обезбедување емоционална стабилност и добро ментално здравје на личноста.
Тоа е состојба на ментален мир и задоволство. Здравата исхрана и физичката активност придонесуваат за менталното здравје. Но, постојат и други начини на кои можете да одржувате ментална хигиена. Ќе спомнам некои од нив:
 
Најдете време за себе.
Секој ден. Без исклучок. Понекогаш тоа ќе бидат само 15 минути, понекогаш два часа. Зависи од обврските во денот. Но, неопходно е да имате време за себе секој ден. Слушање музика, капење, читање книга или некое друго хоби. Исто како што одвојувате време за други луѓе и обврски, мора да научите да започнете да одвојувате време за себе. Да се навикнеш да бидеш со себе (ако сеуште не си) и да ја видиш убавината во тоа. Кога батериите на вашиот телефон ќе се испразнат и ќе се исклучат, „батериите“ на вашето тело ќе почнат да се полнат.
Изберете на кого и на што го трошите вашето време.
Доколку постојано сте во ситуација да ги исполнувате своите желби и желбите на другите, крајно време е да ги реорганизирате вашите приоритети. Состојбата на стрес е сигнал дека нешто мора да се промени. Кога одвојуваме време за себе, често нè гризе совеста бидејќи чувствуваме дека им го „одземаме“ тоа време на важните луѓе во нашиот живот: партнерот, децата, семејството… Ретко се случува спротивната ситуација. Ретко размислуваме за тоа колку другите луѓе ја почитуваат нашата потреба за индивидуални активности. Зошто секогаш ги ставате другите луѓе пред себе?
 
„Тренирајте“ прифаќање.
Во секојдневниот живот постојано се среќаваме со ситуации кои предизвикуваат фрустрации. Фрустрацијата секогаш влијае на нас, често предизвикувајќи бурни реакции во телото (и во однесувањето). Не треба да се игнорира фрустрацијата, но не треба да дозволиме секоја непосакувана ситуација да доведе до силна фрустрација, која само ни нанесува штета. Со други зборови, треба да прифатиме дека често ќе се чувствуваме фрустрирани, но дека ова е дел од животот и дека секоја стресна ситуација не прави добро за нашето здравје.
 
Анализирајте (но не претерано).
Верувам дека оваа ставка ќе биде нејасна за многумина. Истражувањата покажаа дека луѓето кои одвојуваат време да размислуваат за својот живот и постапки покажуваат повисок степен на задоволство од животот. Кога реално гледаме на нашата ситуација, имаме чувство на контрола над животот. Процесот на саморефлексија дава увид во тоа дали треба да работиме и да се развиваме во некои области од нашиот живот.
 
Прости си.
Верувам дека ова звучи како клише. Има толку многу работи што можевме да ги направиме поинаку. Дека сме направиле некои работи што не сме ги направиле и дека можеме да избришеме некои постапки, како никогаш да не се случиле. Зарем не поминавме доволно време нервирајќи се за минатото што не можеме да го промениме? Тогаш кога не можете сами да го направите тоа, препорачливо е да побарате стручна помош, за работите кои припаѓаат на минатото навистина да останат таму.
 
На крај, еден краток совет за нашите читатели како да го сочуваат своето ментално здравје?
Треба да создадеме реална слика за себе и средината која нѐ опкружува, кои имаат директно влијание на самодовербата и поставувањето цели во животот. Тоа е потребно за да се избегне евентуалниот неуспех кој за некои личности може да биде разочарувачки до состојба на депресија.
Вежбањето на ментална хигиена е потреба на секоја личност за да го зачува сопственото ментално здравје и за да овозможи подобар квалитет на својот живот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *