СТАВЕН ВО УПОТРЕБА НОВИОТ ВОДОСНАБДИТЕЛЕН СИСТЕМ ДО НАСЕЛЕНОТО МЕСТО НЕГОРЦИ

WEB Телевизија во живо

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, како и со жители од населеното место Негорци, присуствуваа на пуштање во употреба на новиот водоснабдителен систем до ова најголемо населено место во Општина Гевгелија.
 
„Изградбата на новиот цевковод беше пред се барање на жителите на Негорци. Со неговата изградба е решен еден голем проблем, и сега жителите на ова населено место ќе добиваат навремено и квалитетно водоснабдување преку целата година, изјави Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
 
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски во изјава за медиумите, по повод овој настан истакна:
„Ја користам оваа прилика да му честитам на Доне, на советниците, администрацијата за сето она кое што го прават овде во Гевгелија и за потребите на гевгеличани. Исто така и на пратеничката Ангелина која е дел од македонското собрание, која што секогаш се бори да обезбеди средства повеќе за да се реализираат проекти овде во Гевгелија. “
 
Инаку, овој цевковод, како и оној до населеното место Прдејци, кој беше пуштен во употреба пред еден месец, се дел од проектот „Програмата за водовод и канализација во Македонија, Фаза 2, набавка на работи за општина Гевгелија“, проект започнат во 2017 година, во времето кога локалната власт ја практицираше ВМРО-ДПМНЕ , а финансиран со грантот на КФВ банката во вредност од 32.000.000 денари, додека целиот проект е во вредност од 152.000.000 денари.
 
Со овој проект, освен овие два цевковода се реконструира и водоводната линија до Богородица во должина од 1.500 метри, изградба на атмосферска канализација долж целиот јужен дел на Гевгелија на потегот Динќут- Железничка станица, како и на улиците „Никола Карев“ и „Серменинска“, со вкупна должина од 6.388 метри.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *