СО НОВИТЕ РЕФОРМИ ПРЕГЛЕД КАЈ МАТИЧЕН ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАКАЖЕ ЕЛЕКТРОНСКИ, ЌЕ ПРИПИШУВААТ И ЛЕКОВИ КОИ ДО СЕГА ГИ ПРИПИШУВАЛЕ СПЕЦИЈАЛИСТИ

WEB Телевизија во живо

Дел од пациентите ќе добијат можност за преглед кај матичниот лекар електронски да си закажат термин. Оваа новина, покрај останатите, е предвидена со реформите во примарното здравство за кои денес министерот за здравство Фатмир Меџити извести дека се веќе почнати.

„Оние пациенти кои имаат обврски или нема кој да им ги чува децата ќе можат во точно одредени време да си закажат термин за преглед кај матичните лекари Термин кај матичен лекар нема да биде по принципот се или ништо, не значи дека сите мора да закажуваат термин. Секако ќе има пациенти кои се хронично болни кои што имаат акутни случаи кои ќе можат во кој било момент да влезат во ординација. 

Дел од термините се планира да бидат со можност за закажување. Работиме на модулот во насока на тоа електронско закажување кај матичен лекар. Ако се реализира, нема да биде по принципот се или ништо. Дел од термините ќе бидат оставени за хроничните и итни пациенти. Тоа е начинот кој планираме да го примениме“, рече Злате Мехмедовиќ, координатор на реформите за примарната здравствена заштита.
 
Освен електронското закажување, новина за матичните лекари е и тоа што со реформите тие ќе можат да ги припишуваат лековите кои досега ги припишуваа само лекарите специјалисти, а ќе можат да издаваат и соодветни упати за лаборатории за следење на пациентите со висок крвен притисок, со дијабетес, со хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), астма и проблеми со тироидната жлезда.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *