ПРЕД 4 ГОДИНИ ВО СТОЈАКОВО СО ПЕСНА БЕА ДОЧЕКАНИ ДВОЈКАТА ШУКЛЕВ-НИКОЛОВ И ОЛДТАЈМЕРОТ „РЕНО 4 ‘’ ОД „ПОХОДОТ“ НА КИНА

WEB Телевизија во живо

Најубавиот момент ни беше кога стигнавме до Кинескиот ѕид, a најтешките моменти ни беа кога поминувавме низ Монголија, поради лошите патишта, а секако и поради „тажната“ приказна со Жаклин. Морамe да кажемe дека нашето „Рено 4“ беспрекорно си ја заврши својата работа, дури и покрај своите 41 години.
 
Џоко Шуклев од Стојаково и Ѓорѓи Николов од Гевгелија,на денешен ден 2019 година, се вратија во Македонија откако поминаа 23.000 километри со олдтајмерот „рено 4“ од Стојаково до границата меѓу Монголија и Кина. Тие беа дочекани од голем број луѓе, кои ги чекаа во дворот на училиштето „Кирил и Методиј“ во Стојаково. 
 
Стотици луѓе се собраа да го проследат успешниот крај, на она што пред месец дена изгледаше како невозможна мисија и да уживаат во дружбата со Шуклев и Николов, како и богатата музичка програма, меѓу кои и едно од најзвучните DJ имиња во Македонија, DJ Todoroff.
 
Стојаково денес живее за момците кои од обична идеја да се возобнови и оспособи старо возило за нови патувања и да се почувствува тежината и емоциите на некогашните патувања, во слични услови, притоа спасувајќи го возилото од „забот на времето“, по втор пат, овој пат успешно ја покорија, големата Азија.
 
Што сѐ не пребродија во овие 23.000 километри, почнувајќи од Карпатите, па Украина, влез во Москва, возење низ цела Русија, поминувајќи ја планината Урал, граница помеѓу Европа и Азија, па Бајкалското езеро, за потоа да влезат во Монголија, каде што им се случија неколку разочарувања – најпрво срцепарателната сапуница со Жаклин, па многу, многу тешкиот пат по кој се возеше низ Монголија за потоа да дојде и психичката тортура со влез во Кина, која сепак успеавме да ја пребродиме со голема помош на македонската дипломатија.
 
И враќањето си донесе потешкотии, неколку технички проблеми и скршнување кон Полска за да се извозат планираните 23.000 километри. Потоа Шуклев и Николов возеа јужно – по течението на реката Дунав, па преку Бугарија, Грција и преку граничниот премин Дојран стасаа во Македонија.
Ова не е првата авантура на Шуклев и Николов. Нивното „рено 4“ минатата година стигна и до Ница, а целта на овие двајца ентузијасти е со автомобилот да ја свртат целата Земјина топка.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *