ПРЕД 109 ГОДИНИ, СО БУКУРЕШКИОТ ДОГОВОР И ГЕВГЕЛИЈА БИЛА ПРЕДМЕТ НА ДОГОВАРАЊЕ

WEB Телевизија во живо

Пред 109 години, во Букурешт, се преговараше за Македонија. Навистина, името Македонија не се ни споменува, но во суштина, се се’ вртеше околу нејзината територија. Преговорите траеле 12 дена, од 17 до 28 јули 1913 година (според стариот календар). Интересно е што меѓу прашањата за кои најмногу се преговарало било и она на која од трите држави ќе и припадне градот Гевгелија.
 
Во разговорот со еден дописник на романски весник, претседателот на српската Влада и шеф на српската делегација, Никола Пашиќ, веднаш по пристигнувањето изјавил:
„По прашањето за Гевгелија, меѓу нас и Грците нема никакво несогласување. Ако и Бугарите ја покажат истата дорба воља, преговорите бргу ќе завршат“.
На тоа се надоврзал и грчкиот делегат Димитар Панас:
„Меѓу нас и Србите нема несогласувања. Гевгелија нема да ни прави проблем.“
 
Претходниот ден Венизелос изјавил дека Кавала мора да остане грчка и уште еднаш потврдил дека проблемот со Гевгелија нема да се појави и дека градот најверојатно ќе и припадне на Србија.
Вечерта, пред потпишувањето на договорот, конечно е постигнат договор меѓу сите страни. Србија ги добила Штип, Кочани, Радовиш и Гевгелија, а Грција – Кавала. Бугарија, а со тоа Русија и Австро-Унгарија, ја загубиле битката. Но, затоа Струмица и Ксанти биле оставени под власт на Софија (сепак, подоцна, првиот град ќе и биде даден на Србија, а вториот на Грција).
 
Како и да било, следеле потписите со кои е завршена Втората балканска војна и е поделена македонската територија. Подоцна се вршени одредени измени, па, на пример, Струмица е припоена кон Србија, а Бугарија изгубила секаков излез кон Егејското Море, но во основа се запазил договорот што бил постигнат во романскиот главен град. Така завршило 12-дневното преговарање во Букурешт и потпишувањето на договорот кој денес кај Македонците се смета за еден од клучните моменти во поновата историја.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *