ПОЖАРОТ ВО АТАРОТ НА СЕЛОТО СЕЛЕМЛИ СТАВЕН ПОД ДЕЛУМНА КОНТРОЛА

WEB Телевизија во живо

Пожарот меѓу Богданци и Дојран, што избувна денеска на пладне на планината Карабалија, во атарот на селото Селемли, а кој го гаснат два авиони „Ер трактор“, пожарникари од Гевгелија и од ЈП „Национални шуми“, според Центарот за управување со кризи, ставен е под делумна контрола. Пожарот кој избувна на многу непристапен и небезбеден терен зафати нискостеблеста, но и квалитетна шума но засега нема опасност да се прошири кон селото Селемли.
На овој терен поминувала линијата од фронтот од Првата светска војна и во текот на пожарот експлодирале најмалку четири гранати од Прва светска војна.
Како што претходно информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК) пожарот е изгаснат на еден крак кај плантажи со овошни насади, а на едно место пожарот се префрлил и на грчка територија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *