ОБЕДИНЕТАТА МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА:

WEB Телевизија во живо

АЛБИН КУРТИ ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЗА „ПЕРСОНА НОН ГРАТА“ ПОРАДИ КУЛТУРНИОТ ДРЖАВЕН УДАР ВО МАКЕДОНИЈА, МЕНУВАЊЕ НА ИМЕ НА УЛИЦА И ЗНАМЕТО НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА НА ПРОСЛАВАТА ВО ТЕТОВО
 
Во одсуство на годишни одмори, без покана на ниту еден државен претставник, во заедништво, албанската опозиција и владина партија направија културен пуч во Македонија, прогласувајќи победа на Албанскиот народ на сите територии на бивша СФРЈ.
 
Победата беше прогласена од страна на Косовскиот премиер Албин Курти кој среде Скопје, го промени името на Улицата “2-ра Македонска Бригада” во “Адем Демаќи”. Со овој потег и прегазување на бригадата која ја ослободи и делуваше на скоро сите фронтови во централно и источниот регион на Македонија како и Сремски Фронт, Србија, Хрватска и Словенија, албанските балисти, креираа културна победа во центарот на Македонија, Скопје.
Обединета Македонска Дијаспора го осудува овој чин како закана за културата, нацијата и државен удар каде странски премиер, прогласува победа во отсуство на Македонски (домаќин) политички лидер.
 
Пораките, испратени од Косовскоот Премиер Албин Курти, на ден после одбележувањето на 110 годишнината од Букурешкиот договор, кој помина без никакво владино адресирање, до ниту една интернационална организација за денот на кој започна Македонскиот геноцид, Албанските претставници внатре во државата, прогласија Скопски договор, кој го прекршува уставот на Република Македонија и ги прекршува културните обележја, претставува закана за националниот поредок и покажува реалната слика на политичките опозициони и вчадеачки албански партии.
 
Го повикуваме секој македонски граѓанин кој посакува ова парче земја, независно од било каква етничка, религиска или било каква друга припадност, кој посакува територијата на Македонија да остане независна, суверена и верува дека има напредок, да не потпаѓа под овие етнички поделби, да се спротистави на странско политичко адресирање.
 
Исто така, ОМД бара од Македонската Влада, да напише протестно писмо кон Косово, го прогласи Албин Курти за персона нон-грата, разговара отворено и озбилно со Албанскиот блок за овој тотално недржавнички чин, враќајки ги сите обележја, имиња на улици, корегирајќи ги сите Албански знамиња во согласност со уставот на Република Македонија, и постапување согласност законите.
 
Оваа држава мора да ги почитува своите закони, своите граѓани, својата култура, и идентитет. Македонија за ова прашање не е ниту лева ниту десна, Македонија мора да биде обединета.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *