НОВА КНИГА НА СТЕФЧО СТЕФАНОВ СО „АЗДИСДАНА“ ХАИКУ ПОЕЗИЈА

WEB Телевизија во живо

„СИТЕ ПЕСНИ СЕ СВРТЕНИ СО ЛИЦЕТО КОН ЖЕНАТА, ЉУБЕНАТА, ПОСАКУВАНАТА“, ВЕЛИ АВТОРОТ.
 
Во издание на книжевниот центар АНТОЛОГ, излезе новото книжевно „чедо“ на Стефчо Стефанов, „гевгеличанец по раѓање, воспитување, основно и средно образување“. Стихови почнал да пишува уште од крајот на неговото средно образование, а самиот започнал да ги признава, како што ќе напише колегата Љупчо Јолевски, како поезија во почетокот на студиите во Скопје. 
 
Првата книга е кратка еротска новела „Сакам да ти кажам нешто“, за која малкумина од денешните млади знаат, а е објавена за Темплум, 2008 година. Потоа беа објавени „Гевгелексикон“ – џебно издание со толкување на над 1000 зборови од гевгелискиот дијалект, книгата поезија „Стихови со црвени намери“, и повторно џебно издание на книгата со гевгелиски фрази и изрази „Ај шо лафиш“.
 
За најновата книга, без да чека друг да му напише што сакал да каже со стиховите во неа, Стефчо, „Аџамијата“, на својот фејсбук профил ќе напише:
Ако некој не ги поднесува жените, не љуби, не љубел, не посакува, не посакувал, или не сака да посакува, не знае или не знаел за ненадејна тахикардија во стомакот чие ехо се чувствува и на некоја од забните пломби кога токму таа за која страсно пека – повикувачки го шмека… Тогаш, нему оваа книга нема да му се допадне.
 
Две нешта. Без претенциозност ќе речам дека книгата е токму тоа за што зборува нејзиниот наслов – едно љубовно аздисано хаику. Но не баш едно, туку сто. Сто чкрапнати и замрзнати чувства. А чувствата, уште топли и витливи, се обликувани во чисти моменти преку техника многу слична на онаа кога стакларот низ цевка го дува стаклото од кое обликува шише. 
 
Хаику поезијата во оваа книга го почитува суштинското правило за пишување во 5-7-5 слоговен тристих. Но, евидентно е уште од корицата дека повеќето традиционални хаику правила се гордо чкртнати и прекршени за во целост да изблика набојот од страст, љубење, посакување, соблекување, облекување и повторно донедоглед соблекување. Таквото ослободување од традиционалните хаику правила е охрабрено токму од големите јапонски хаику мајстори Башо и Шики.
 
Мацуо Башо рекол: ‘Научете ги правилата за пишување хаику, а потоа заборавете ги.’ Па уште кога на тоа Масаока Шики ќе додаде: ‘Пишувај за да си удоволиш на самиот себе’, тогаш ете ја творбата. Книгава стои таква каква што е. Сите песни во nea се со лице свртени кон– жената, љубената, посакуваната. Од почеток до крај со неа преокупација, од аналитична симплификација до апсолутна нејзина глорификација.
Втората работа е тоа дека книгата е песнарката. Пенкалото, ракописот, шарките, грешките, афектите… Сѐ е тука.“ С. Стефанов
Книгата е достапна во книжарниците и онлајн на сајтот www.antolog.mk

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *