НОВ ФЕСТИВАЛ „TASTE THE SOUTH”-„ВКУСИ ГО ЈУГОТ“ ВО СЕПТЕМВРИ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

На последната 30-та седница, Советот на Општина Гевгелија ја донесе, со мнозинство гласови измената и дополнувањето на Програмата на финансирање на програми и проекти од областа на културата за 2023 година, со која од Буџетот се одвојуваат средства во висина од 1.300.000 денари за организирање на Фестивал на храна и пијалоци „TASTE THE SOUTH” или „Вкуси го југот“, кој ќе се одржи во Гевгелија на 15-ти, 16-ти и 17-ти Септември.
 
Фестивалот „TASTE THE SOUTH” во Гевгелија е манифестација која ќе има за цел преку забавно-културни содржини да ги претстави локалните производители на храна и пијалаци пред домашните и интернационалните посетители.
Преку презентација на разновидни пивски, вински производители, производители на храна, занаетчии од Гевгелискиот крај и мал број на национални учесници, придружено со фантастична селекција на храна и деликатеси од локалните ресторани вклучени во проектот да се претстават вкусовите на Гевгелија.
 
Дополнително, анимација на посетителите со музика, базар на ракотворби, уметнички креации каде главен акцент ќе биде дадено на домашните уметници и музички изведувачи со цел да се поддржи и стимулира македонската култура и музичка сцена.
Фестивалот ќе биде во организација на КРАФТ ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ-СКОПЈЕ, организатор на „Пиволенд“ во Скопје, на „ВиноСкоп“, во Скопје, на „Баскерфест“ во повеќе градови во Македонија, „Охрид Вино фест“ во Охрид и други настани во државата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *