НА „CHUPINO TRAIL 2023“ ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ВТОРА ВО ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН И ПРВА ВО КАТЕГОРИЈА НА 17 КИЛОМЕТРИ

WEB Телевизија во живо

Денеска, во Виница, со учество на над 150 натпреварувачи во машка и женска конкуренција, се одржа „CHUPINO TRAIL 2023“. на која настапија и четворица натпреварувачи од Гевгелија.
Chupino Trail е меѓународен спортски настан во планинско трчање низ планината Плачковица, со старт и цел во градскиот парк во Виница и нуди избор на 3 трки:„Бумбарски треил“, на 17 километри, „Чупино треил“ на 32 километри и „Тринити ултра треил“ на 65 километри
На 17 километри настапија сите четворица тркачи од Општина Гевгелија.
 
Во женска конкуренција, една од нашите најдобри треил натпреварувачки, Валентина Узунова, од ЗПСК „Кожуф“ го освои второто место во генерален пласман и првото во нејзината категорија. Мијалчо Андоновски, Орце Цветков и Мики Петровски, членови на АК „7“-ми Ноември“ во машка конкуренција истрчааа во рамките на своите можности.
 
Инаку, Chupino Trail е креација на The Running Squad – екипа рекреативци со различна спортска историја. Ниту еден од The Running Squad не се занимавал професионално со спорт, но спортот е дел од нивниот живот околу 25 години. Со постепениот раст на рекреативното трчање и организираните маратон-трки во Македонија, прашање беше само на време кога Плачковица ќе биде искористена за тоа.
 
Настанот има голема подршка од Општина Виница и голем број на компании кои учествуваат со спонзорство и доброволно помагање во одржувањето на настанот. Ова е спортско случување кое јасно ќе ја обележи Виница на спортската мапа на Балканот

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *