НА 21 АВГУСТ 2001 БЕШЕ МИНИРАНА МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВЕТИ АТАНАСИЈ“ ВО ЛЕШОЧКИОТ МАНАСТИР

WEB Телевизија во живо

Манастирска црква во Лешок, „Свети Атанасиј“, беше минирана и целосно уништена на 21 август 2001 година од страна на албанските терористички структури на ОНА.
Овој чин предизвика големи реакции во Македонија и пошироко, и беше споредуван со настаните во Авганистан кога Талибанците ги уништувале будистичките храмови.
 
Црквата била разрушена до темел со минирање. Останат бил само нартексот од западниот дел и скоро целиот западен ѕид од наосот. Двете куполи на нартексот биле останати, при што на јужната купола биле видливи конструктивни пукнатини.
Од експлозијата било се уништено, освен неколку фрески на светители кои што останале на неурнатите ѕидови.
 
Но црквата „Св. Атанасиј“ била реконструирана со истиот камен што бил користен во нејзината првична изградба. Камењата биле сочувани и нумерирани со помош на македонскиот Институт за заштита на културното наследство, кој направил детална студија за проектот.
 
Неговото преосветување е извршено во 2007 година, кога Македонската православна црква прославуваше 40 години од својата автокефалност. На празникот на Покров на Пресвета Богородица било извршено осветување на црквата „Св. Атанасиј“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *