МЕМОРИЈАЛОТ „ВЕНЦИ ПОПОВ“ ГОЛЕМ ИМПУЛС И МОТИВ ЗА РАЗВОЈ НА ШАХОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Вториот меѓународен меморијален брзопотезен шаховски турнир „Венци Попов“, кој денес се одржа во Гевгелија покажа две работи. Првата е фактот што фамилијата Попови заедно со ШК „7-ми Ноември“ , се покажаа како одлични организатори на ваков еден турнир, и втората, која особено радува е што ова беше еден од најмасовните турнири организирани во последно време во Македонија.
 
Прекрасна беше глетката во новата сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“, каде на седумдесеттина маси своите сили ги одмерија 132 шахистки и шахисти од Македонија, Грција, Бугарија и Хрватска. Она што треба да се напомене е големиот број на млади шаховски играчи, меѓу кои имаше и десеттина припаднички на понежниот пол.
 
По одиграните 9 кола , на крајот беа прогласени најдобрите на турнирот. Најнапред, претседателот на Шаховскиот клуб „7-ми Ноември“, Пепи Танчев додели три специјални награди. За најдобро пласиран играч од Општина Гевгелија со освоени 6 поени беше прогласен Петар Димов, најдобра женска шахистка, исто така со 6 поени беше шампионката на Македонија, Моника Стојковска, додека наградата за најдобар играч до 18 години отиде во рацете на охриѓанецот Константин Лушески, кој исто така освои 6 поени.
 
Членовите од фамилијата Попови потоа ги доделија паричните награди за првите десет места.
Третото место на турнирот и наградата од 15.000 денари го освои интернационалниот мајстор од Бугарија, Сашо Николов. Втор беше интернационалниот мајстор од Македонија, Никола Николовски, на кој му припадна паричната награда од 17.000 денари, додека првото место и наградата од 20.000 денари отиде во рацете на македонскиот велемајстор Звонко Станојоски. Сите тие освоија 7,5 поени но редоследот го кроеше Бухолц системот.
 
Победникот Станојоски ни изјави дека е среќен што го освоил првото место на вака силен и масовен турнир каков што беше овој во Гевгелија. Тој истакна дека ова ќе биде голем импулс и мотив за побрз развој на шахот во Општина Гевгелија, особено за младите, кои преку ШК „7-ми Ноември“ и интернетот, се повеќе се заинтересирани за оваа древна игра. Тој се надева дека наскоро шахот ќе влезе и како предмет во основните училишта.
 
Најдобро пласираниот гевгелиски шахист Петар Димов, исто така е радосен што оваа година, за разлика од лани, кога учествуваа 80 играчи, на Меморијалниот турнир настапија речиси двојно повеќе шахисти, 132. Сум учествувал, потенцираше тој на многу турнири и со задоволство може да истакнам дека ова е еден од намасовните и најдобро организирани шаховски турнири во Македонија.
 
На крајот да кажеме дека главен судија беше Тони Кировски, кој ја даде се чини најдобрата оценка за шаховскиот турнир посветен на прерано починатиотвеликан на гевгелискиот и македонскиот шах, Венци Попов. Тој само кратко потенцираше дека оваа недела Гевгелија беше центарот на шаховската игра во Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *