ИРЛ: СО ИСТРАЖУВАЊЕТО „УБИСТВО ВО ТЕТОВО“ СЕ ОТКРИВААТ НИЗА НЕПРАВИЛНОСТИ И ВИСТИНСКИТЕ ВИНОВНИЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА

WEB Телевизија во живо

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ ги објави документите на кои се заснова истражувањето заедно со пресек на клучните настани што довеле до трагедијата и до прикривањето на виновниците од страна на обвинителите.
Германски вештаци и македонскиот вештак електроинженер вистинските причини за пожарот го лоцираат во несоодветната градба и во лошо изведената електрична инсталација.
Електричната инсталација што ја поставил изведувачот БРАКО била направена неправилно и незаконски, без проект и од страна на вработено лице од компанијата без лиценца.

Градбите биле незаконски затоа што Министерството за здравство направило, а Министерството за труд и социјала заедно со претставници на доверителите од Светска банка одобриле набавка за стоки наместо набавка за привремена градба болница, иако сите знаеле со каква намена ќе бидат модуларните објекти.
Од страна на надзорот ангажиран од Министерството за здравство и од страна на вештите лица во истрагата документацијата која ја имале министерот и обвинителите покажувала недвосмислено дека објектите се супстандардни и дека не обезбедуваат заштита од пожар и експлозии.

Истражувањето „Убиство во Тетово“ е истрага за една од најголемите несреќи во историјата на државата со масовен број жртви. Репортерите и истражувачите на ИРЛ повеќе од 7 месеци работеа во Скопје и Тетово и ги собираа и анализираа податоците и документите добиени за овој случај. Во пожарот на 8-ми септември 2021 година 14 луѓе загинаа во тетовската модуларна болница за лекување на болни од КОВИД 19 вирусот. 

Различни надлежни институции случајот го посочија како несреќа, а причините се лоцираа во избивање на продолжен кабел. Ова истражување ги открива вистинските причини за пожарот коишто не водат низ лавиринт од грешки и пропусти направени од обични службеници до високо профилни лица од сферата на политиката, бизнисот и судството.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *