И ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА НА ПРОТЕСТ. ПОБАРАА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ ОД 3.500 ДЕНАРИ ЗА СПОКОЕН И НОРМАЛЕН ЖИВОТ

WEB Телевизија во живо

„Со ниски пензии не се живее достоинствено“, беше речено на денешниот протест на над стотина незадоволните пензионери, кои се собраа пред седиштето на Здружението на пензионери од Гевгелија.
 
-Ние, пензионерите, излеговме денес да протестираме против негрижата која кон нас ја покажува како Владата на Република Македонија, така и Сојузот на здружение на пензионерите, истакна најнапред во својата изјава Кирил Кангов, член на Иницијативниот одбор на пензионери. Со ниски пензии не се живее, затоа што не можеме да си ги задоволиме нашите основни животни потреби. Сакаме да се оствари онаа правна максима уште од римското време, човек чесно да живее, на друг да не прави штета и секој да го зема она што заслужено му припаѓа. Сакаме поголеми минимални пензии и линеарно зголемување кое ќе ни овозможи еден спокоен пензионерски живот“, рече Кангов.
 
-Пензионерите се оние кои твореле, работеле, граделе и давале во текот на целиот свој работен век на оваа наша држава, изјави пензионерката Слободанка Амповска. А што добивме денес за возврат, се запраша таа, немаме достоинствени пензии кои ќе ни бидат доволни за задоволување на основните животни потреби, за храна, лекови и социјални активности. Затоа, доста е, сакаме нормален живот.
 
– Најавеното 6 проценти покачување, кое треба да го добиеме со септемвриските пензии е срамно во однос на 78 проценти за колку тие си ги зголемија своите плати, во ова кризно време, рече уште една пензионерка, Стојна Стојанова. Имаме пензионери кои земаат 12, 13, 14,000 денари, а ист леб купуваме и ние и тие, исти лекови ни требаат и на нас и на нив, затоа бараме од одговорните линеарно покачување од 3.500 денари и зголемување на минималните пензии. Имаме високата инфлација и високите цени на прехранбените производи кои се неопходни за еден нормален живот, а растот на пензиите од 2019 година наваму е минимален, истакна Стојанова.
 
Инаку, на денешниот протест, иако беше најавено и присуството на раководните органи на гевгелиското пензионерско здружение, тие не се појавија да дадат поддршка на денешниот протест, а вратата на седиштето на Здружението на пензионери беше затворена за цело време додека траеше мирниот протест.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *