ХУМАНИТАРЕН ТУРНИР ВО ПИНГ-ПОНГ ГЕВГЕЛИЈА 2023

WEB Телевизија во живо

Општинската организација на Црвен крст Гевгелија и Клубот на млади и оваа година традиционално организираат хуманитарен турнир во пинг-понг.
Турнирот ќе се одржи во Спортската сала „26-ти Април“ на 2 и 3 септември 2023 година.
Учесниците може да се пријавуват на телефонскиот број : 077 736 656 (кај Кристијан) и во просториите на Црвен крст Гевгелија.
Котизацијата за поединци е 300 денари додека за двојки е 400 денари.
СОБРАНИТЕ СРЕДСТВА ОД ТУРНИРОТ ЌЕ БИДАТ НАМЕНЕТИ ЗА ПОМОШ И ПОДДРШКА НА НАШИ СОГРАЃАНИ ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК.
 
Кристијан Бојмалиев и Момчило Делев во име на организација на Црвен крст Гевгелија ја повикуваат публиката во сабота и недела на 2 и 3 септември во спортската сала,, 26 април” Гевгелија да присуствуваат по втор пат на овој интересен турнир во пинг понг каде што годинава освен во поединечна конкуренција, ќе има и натпревари во двојки Вкупно се пријавени 32 натпреварувачи од Општина Гевгелија ( 12 од Гевгелија, 9 од Негорци, 1 од Мрзенци, а има и 1 матпреварувач од Црничани, 3 од Пирава и 6 од Јосифово)
 
Момчило Делев е бранител на титулата од минатата година, а оваа година освен во singleќе се добијат и двајца прваци во double натпревари.
Кај double натпреварите ќе се натпреваруваат 6 тима ( Моки Мебел, Homemade Negorci, Autowelt Кочани, CNC Туртуров, Авто делови Rimag и Xessable
Влезот за публиката е бесплатен а натпреварите започнуваат од 17 00 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *