ГОЛЕМ ПОЖАР ИЗБУВНА КАЈ „БРДАРОВ КАМЕН“ НАД БОГДАНЦИ

WEB Телевизија во живо

Пожар избувна и зафати нискостеблеста шума и сува трева во месноста викана Брдаров камен во близина на Богданци
Денес окопу 11.00 часот во месноста викана Брдаров камен веднаш до препумпната станица на хидросистемот Дојранско езеро избувна пожар во нискостеблеста деградирана шума и сува трева“, информираат од Центарот за управување со кризи.
Поради опасност пожарот да се прошири кон ветерниот парк Богданци, два Ер Трактори на ДЗС долетаа за да им помогнат на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија, појаснуваат надлежните.
Инаку, во моментот ветерот го носи пожарот во правец на Валандовските села, а, според сликите испратени од Илија Радевски и Дејан Ташев, во опасност е и управната зграда на Ветерниот парк

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *