ГЕВГЕЛИСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ЗА ПРВИТЕ 7 МЕСЕЦИ ОД 2023 ГОДИНА ИНТЕРВЕНИРАЛЕ 94 ПАТИ

WEB Телевизија во живо

Од 1 јануари до 31 јули 2023 година, на територијата која ја опфаќа Територијално противпожарната единица од Гевгелија, се евидентирани вкупно 94 пожари. Од нив, на отворен простор се евидентирани 41 пожар, на објекти 31, на сообраќајни средства 4 , при технички интервеции во сообраќајни незгоди 11 и останато 7 пожари, информираше за ТВ Нова 12 Игор Ризов, командир на ТППЕ Гевгелија.
 
ТППЕ- Гевгелија упатуваат апел до граѓаните, поради високите температури да внимаваат при посети во шумите и други пошумени или необраснати локации, да не користат запаливи материи кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери.
Се предупредуваат патниците кои патуваат со автомобилски или железнички превоз да не фрлаат догорчиња или неизгаснати цигари преку прозорците за да не се предизвикаат пожари долж патните комуникации. 
 
Лицата кои во периодот на зголемени надворешни температури мораат да спроведуваат работни активности во пошумени или други локации да не ги палат сртништата и да ги зголемат мерките на претпазливост за да не дојде до опожарување на околината.
Се замолуваат граѓаните доколку забележат одредени сомнителни места на кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 193 и на 034/211-881.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *