„ГЕВГЕЛИЈА ТОЧАК КЛУБ“ ДОБИ ПРОСТОРИИ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ ЗА ПЕТ ГОДИНИ БЕЗ НАДОМЕСТ

WEB Телевизија во живо

На денешната 30-та седница на Советот на општина Гевгелија, советниците едногласно ја усвоија Предлог одлуката за давање на времено користење, без надомест, деловна просторија од 77 квадратни метри, сопственост на Општината, во близина на Народниот театар, до седиштето на ЛДП.
Според планот на одговорните од „Гевгелија точак клуб“ , тие планираат во наредните два месеци да вложат финансиски средства од донација во висина од 5.000 евра, како би можеле да имаат место за состаноци и секојдневно дружење, да ја шират идеата за развивање на велосипедското спортување, а во исто време да го разубават тој дел од центарот на градот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *