ГЕРМАНСКИОТ ГРАД НОРДЛИНГЕН БУКВАЛНО „ЛЕЖИ“ НА ДИЈАМАНТИ

WEB Телевизија во живо

Денешните жители на Нордлинген знаат дека живеат на тони дијаманти, но немаат намера да го уништат градот за да се збогатат…
Малиот град Нордлинген во Баварија е изграден врз наоѓалиште на дијаманти кои датираат пред 15 милиони години, кога астероид удрил во Земјата.
 
Геолозите проценуваат дека ширината на астероидот била еден километар, исто како и денешниот Нордлинген, а тежел околу три милијарди тони. Ударот ја зголемил температурата и притисокот доволно за да формира мешавина од стакло, кристали и дијаманти или сувит. Се проценува дека има околу 72 илјади тони дијаманти во областа Нордлинген.
 
Кога првите жители пристигнале милиони години подоцна, тие не ни знаеле дека градат куќи на скапоцена почва. Тие со години верувале дека потеклото на кратерот е вулканско, додека во 1960-тите не беше потврдено дека станува збор за астероид. Тие користеле сувит како градежен материјал, не сфаќајќи дека се состои од ситни дијаманти; Црквата Св. Ѓорѓија, како и средновековните ѕидини, се многу повредни отколку што може да се помисли на прв поглед.
 
Денешните жители на Нордлинген знаат дека живеат на тони дијаманти, но немаат намера да го уништат градот за да се збогатат. Не би можеле да добиете добра цена за ситни камења, дури и за голема количина, бидејќи тие се помали од 0,2 милиметри.
 
Германскиот град профитира на друг начин – туристите доаѓаат од целиот свет за да ја видат блескавата архитектура и да го посетат музејот на кратерот Рис, во кој се сместени примероци од „домашни“ кратери, како и оние од други делови на светот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *