ДВАТА ИЛИНДЕНА ОДБЕЛЕЖАНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

„САМО СО ЕДИНСТВО МОЖЕ ДА СЕ РЕАЛИЗИРААТ НАЦИОНАЛНИТЕ РАБОТИ ВО ЕДНА ДРЖАВА“
 
Со положување цвеќе пред споменикот на Сава Михајлов, бистите на народните херои и првоборците и костурницата на паднатите борци, денеска во Гевгелија, делегации од продолжувачите на СЗБ на НОВ од Гевгелија. Општинската делегација на чело со градоначалникот Андон Сарамандов, пратеничката во Собранието на Република Македонија, Ангелина Петкова, претседателот Патрик Мат и членови на општинскиот Совет, претставници на политички партии и „здруженија на граѓани“ ги одбележаа одбележаа двата значајни датума од историјата на македонскиот народ – 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ.
 
За значењето на двата Илиндена говореше секретарот на продолжувачите на Сојузот на здруженија на борци од Народно ослободителната војна од Гевгелија, Ангел Алчинов кој при тоа истакна дека двата Илиндена се датуми кои ја носат државотворноста и кои се производ на обединувањето на сите македонски сили кои од средината на 19 век, па сè до 1944 се бореа за формирање македонска држава со македонски идентитет и афирмација на Македонија како рамноправен член на светското семејство. Затоа, од денешен аспект тие имаат уште поголемо значење.
На крајот, истакна Алчинов, она што е најважно во овој момент е пораката што ја праќаат и двата празника, дека само со единство може да се реализираат националните работи кои што ѝ се потребни на една држава. Единството е тоа што ја прави целината на една држава.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *