ДЕНЕС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САРАМАНДОВ ГО ПОТПИША МЕМОРАНДУМОТ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ЗДРУЖИ СЕ ЗА ЗАЕДНИЦАТА“

WEB Телевизија во живо

Денес во Скопје, во хотелот Хилтон, градоначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов официјално го потпиша меморандумот за реализација на проектот „Здружи се за заедницата“ заедно со претставниците на општините , Гостивар, Охрид, Струмица, Чаир и Шуто Оризари.
 
Проектот „Здружи се за заедницата“ е имплементиран од здружението Конект, во партнерство со Фондација Аполонија, Индиго и ЕВН Македонија. Целта на проектот е создавање на одржливи системи и развој на локалната самоуправа, како и Поддршка за формирање и функционирање на инфраструктура за филантропија на локално ниво, и формирање Локални акциони јадра коишто ќе бидат фокусни точки за ангажман на граѓаните и за градење локални партнерства;
 
На овој настан беше презентиран „Извештајот за проценка на капацитетите за самоодржливост во избраните општини во Македонија“ а беше презентирана и дигиталната платформа за граѓанско учество „Комунити“.
 
Воведни обраќања на настанот имаа Никица Кусиникова – извршна директорка на Здружението Конект и Џери Дајбл – претставничка на канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија.
 
Обраќања во вид на заложби за локална инфраструктура за развој на филантропија, покрај Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов имаа и Висар Ганиу, Градоначалник на Општина Чаир и
Курто Дудуш, Градоначалник на Општина Шуто Оризари
„Општина Гевгелија, објави на својот фејсбук профил Градоначалникот Сарамандов, важи за една од најтранспарентните институции заедно со Општина Велес според Индексот на активна транспарентност, спроведуван од Центарот за граѓански комуникации. Имаме успешна соработка со граѓанските организации, што ја потврдува транспарентноста и отвореноста на локалната самоуправа за учество на сите граѓани.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *