ДАДО ТОПИЌ НА „ОХРИД ФЕСТ 2023“ ЌЕ ОДБЕЛЕЖИ 50 ГОДИНИ ОД СНИМАЊЕТО НА КУЛТНАТА ПЕСНА „МАКЕДОНИЈА“

WEB Телевизија во живо

Легендарниот Дадо Топиќ („Македонија“, „Дали знаеш дека те сакам“, „Елизабет“, „За каков живот треба да се родам“…) на јубилејното издание на „Охрид фест“, во Интернационалната вечер на 2 септември, ќе ја добие наградата за ширење музика на Балканот. Инаку, ова е интересна година – „Охрид фест“ ќе го има 30-тото издание, песната „Македонија“ одбележува 50 години постоење, а Дадо на 4 септември полни 74 години, и сите овие убави поводи ќе ги прослави токму кај нас, во Македонија.
Една од култните песни на југословенскиот рок и класика на бендот Тајм – песната „Македонија“ од Дадо Топиќ, е снимена на 5 јуни 1973 година. Песната е снимена од трио составено од Дадо Топиќ како пејач и басист, Ведран Божиќ на гитара и Пецо Петеј на тапани.
 
Снимањето на овој сингл посебно го запамети Пецо Петеј, бидејќи поради тоа не стигна на сопствената свадба закажана за истиот ден во Сплит. Со идната сопруга Нада телефонски договорил нов состанок, а Пецо еден месец подоцна влегол во брачните води, а кум му бил Дадо Топиќ.
Има приказна која вели дека Топиќ всушност напишал песна за групата Time со текст за една Хрватка: „Кога си сам / кога сè е тажно / се сеќаваш на неа / Хрватска ти дава / сакаш сè“. Бидејќи во меѓувреме имаше политичка пресметка со „хрватските пролетници“, таквото нагласување изгледаше несоодветно, па саканата земја стана најјужната југословенска република – Македонија“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *