„БИДИ ДЕЛ ОД СИСТЕМОТ“, ПРОЕКТ НА РЕГИОНАЛНИОТ ЦЕНТАР ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Регионален центар за одржлив развој ќе го спроведува проектот „Биди дел од системот!“ кој е финансиранод Европската Унија во рамките на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“.
Целта на проектот е да се зајакне улогата на граѓанскиот сектор во промоција на човековите права, развојот на демократијата и владеење на правото преку промоција на Законот за бесплатна правна помош.
 
Проектот ги има следниве задачи:
• Да се развијат капацитетите на граѓанските организации и јавните институции во општина Гевгелија за Законот за бесплатна правна помош;
• Да се подигне јавната свест за постоење и примена на Законот за бесплатна правна помош;
• Да се мониторира имплементацијата на Законот за бесплатна правна помош на локално ниво;
• Да се воспостави соработка и изгради партнерство помеѓу НВОи, локални и национални институции за промоција на Законот за бесплатна правна помош.
 
Времетраењето на проектот е 8 месеци, од јуни 2023 до март 2024 година.
Целна групи на проектот се сите ранливи категории групи на граѓани кои ги третира Законот за бесплатна правна помош и подрачното одделение за правда чија улога е спроведување на Законот за бесплатна правна помош.
Крајните корисници на проектот се граѓани од општина Гевгелија.
 
Проектот го сочинуваат следниве компоненти:
 
Компонента 1:Градење капацитети – има за цел градење на капацитети на НВОи и на локални институции за промоција и заштита на човековите права. Со организирање на обуки, учесниците ќе стекнат знаења и вештини како да ги застапуваат човековите права во согласност со националното законодавство. Преку организирањето на средби, граѓаните ќе се запознаат со Законот за бесплатна правна помош, начинот како да пристапот според овој закон и бенефитот што можат да го имаат од неговата примена.
 
Компонента 2:Мониторинг на подрачното одделение за правда – има за цел да ги зајакне капацитетите нa НВОи за мониторинг на спроведувањето на Законот за бесплатна правна помош на локално ниво, континуирано да информира за правилното или неправилното спроведување на законот. Преку мониторинг ќе се дефинира состојбата во која работи подрачното одделение за правда при примена на Законот за бесплатна правна помош, какви им се надлежностите, со какви ресурси и капацитети располагаат, како постапуваат при прием и комплетирање на барањата од граѓаните, со кои проблеми се соочуваат при работењето.
 
Компонента 3: Промоција/подигање на јавната свест- има за цел да го промовира Законот за бесплатна правна помош. Оваа компонента ја сочинуваат следниве активности: организирање на јавен настан за информирање на јавноста, но и да се акцентираат проблемите и потребите кои се јавуваат при примената на Законот за бесплатна правна помош; подготовка и дистрибуција на информативен леток и брошура; подготовка и емитување на видео проекција и поставување на јавен штанд.
 
Активностите во проектот ќе придонесат кон постигнување на следниве резултати:
1. Зајакнати капацитети на НВОи и институции кои работат на прашања за човекови права;
2. Дадени препораки за работата на подрачните одделенија за правда при примена на Законот за бесплатна правнапомош;
3. Информирани граѓани за постоење на Законот за бесплатна правна помош;
4. Организирани средби со ранливи групи на граѓани на кои им е потребна помош;
5. Воспоставен процес на комуникација и соработка со Центрите за социјална работа, подрачните одделенија заправда, овластени адвокати,овластени здруженија за давање на бесплатна правна помош, правните клиники, Националното координативно тело за примена на Законот за бесплатна правна помош, Народен правобранител и Комисија за заштита од дискриминација.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *